Предавство на повидок: Поранешно дете од Ла Масија се сели во Мадрид!?

„Кадене Сер“ пишува дека Реал Мадрид се договорил со фудбалерот на Баерн Минхен, Тијаго Алкантара, како и со неговиот клуб за трансфер на Шпанецот во Мадрид.

Баварците немаат ништо против за да го продадат, но сакаат помеѓу 60 и 70 милиони евра, а се претпоставува дека „кралевите“ ќе им понудат до 50 милиони.

Алкантара призна дека сака да се пресели во Мадрид поради тренерот Хулен Лопетеги, со кој соработуваше во репрезентацијата на Шпанија.

Тијаго во Минхен стигна од Барселона, каде што играше и во академијата на каталонците, Ла Масија, па ова би било предавство на некој начин на својот поранешен клуб.