Пред шест години не сакаше да слушне, сега Барса моли да игра натпревар од Ла Лига во САД

Во 2018 година Ла Лига имаше обид да популаризација на шпанското првенство со тоа што неколку натпревари требаше да се играат на американскиот континент.

Еден од нив беше планираниот каталонски дуел меѓу Жирона и Барселона, но тоа наиде на жесток отпор од тогашното раководство на Барса. Двата клуба требаше да инкасираат големи финансиски средства, но сепак од Камп Ноу не сакаа да слушнат за такво нешто, ја обжалија одлуката и натпреварот се одигра на Монтоливи.

Шест години подоцна, сега со ново раководство, Барселона испратила барање да игра натпревар од домашното првенство на американскиот континент. Конкретно, станува збор за дербито против Атлетико Мадрид, а Лапорта тврди дека тоа би било одлично за популаризација на шпанскиот фудбал во САД.

Натпреварот би се играл во Мајами, но зад тоа стојат американските спонзори на Барселона, Најк и Арамарк кои нудат многу пари за ваков меч. Дуелот е на програмата на 21 декември, а Ла Лига треба да даде одобрение за идејата на Жоан Лапорта.