Пред пет години собираше топки крај теренот, а сега ќе има плата од – 200.000 фунти неделно!

Пред само пет години на „Стемфорд Бриџ“, Самуел Ето дојде како замена за големито Дидие Дрогба, човекот кој донесе два европски трофеи во Западен Лондон (Лига Европа и Лига на шампиони), а едно дете кое собираше топки крај теренот тогаш почна да сонува дека еден ден ќе стане првотимец.

После пет години, една слика е вирален хит на социјалните мрежи. Ето се поздравува со дотогаш непознатиот Калум Хадсон-Одои, кој сега е на чекор да потпише нов договор со „сините“ и тоа од 200.000 фунти неделно. Сликата е после дербито на Челси со Манчестер јунајтед, на кое Камерунецот постигна хет-трик (2014 година).

Инаку Хадсон-Одои е еден од најголемите таленти на Челси, кого Баерн Минхен сакаше да го купи за 80 милиони евра, но лондончани одбија да го продадат, зашто е идната голема ѕвезда на клубот. Дури и Одои притискаше за трансфер, ама по се изгледа пребогатиот договор ќе го разубеди.

Младиот фудбалер во моментов се рехабилитира од повредата на ахиловата тетива, поради која го пропушти вториот дел од минатата сезона. Моментно почна да тренира во полн ритам, па се очекува брзо да се појави во стартниот тим на „сините“. Има пет гола и пет асистенции во досегашната кариера од 23 меча за првиот тим на Челси.