Пред 10 години стана најскап Англичанец, а сега игра за 1.000 фунти неделно!

Искусниот фудбалер Енди Керол пред 10 години стана најскапиот англиски играч во историјата, кога на последниот ден од зимскиот преоден рок потпиша за Ливерпул за 41 милион евра.

Ливерпул очекуваше од Керол да го наследи Фернандо Торес, но никогаш не се случи тоа, па неговата кариера тргна во надолна линија.

Керол потпиша за Вест хем каде што играше до 2019 година, по што бесплатно се пресели во Њукасл, но денес 32-годишниот напаѓач настапува за Рединг во Чемпионшип.

Англиските медиуми открија дека поранешниот најскап Англичанец денес игра во второлигашот за само 1.000 фунти неделно.

Во Ливерпул добиваше плата од 4,9 милиони евра годишно, додека во Вест хем околу 5,5 милиони евра, а во последните две години во Њукасл заработи 9,2 милиони евра.