Познато кој ќе биде привремен тренер на Јунајтед!? (ФОТО)

Жозе Мурињо конечно си замина од Манчестер јунајтед, по лошите резултати сезонава со екипата, денеска клубот тоа го потврди со официјално соопштение, па сега се шпекулира кој ќе биде привремено тренерско решение.

„Црвените ѓаволи“ сезонава имаа многу проблеми, па сега ќе треба некој да ја спаси ситуацијата во клубот и да избори барем пласман во Лигата на шампиони.

Постојат многу опции за нов тренер на англискиот гигант, а се шпекулира дека на местото на Мурињо би можел да седне Мајкл Керик, кој ќе биде на клупата додека не се пронајде друго решение.

Одлуката за нов тренер би требало да биде познато во наредните денови, но не е невозможно Јунајтед тоа да го направи на почетокот на јануари 2019 година.