Повредата на Дембеле ѝ спаси 10 милиони евра на Барселона

Осман Дембеле летово го направи еден од најголемите трансфери во историјата на фудбалот и се пресели од Борусија Дортмунд во Барселона за високи 105 милиони евра, со можност Барса да доплати плус 40 во зависност од бонусите.

Сепак, Дембеле имаше несреќен почеток на сезоната, заработи повреда на дуелот против Хетафе и нема да игра во наредните четири месеци, што секако е сериозен период на отсуство. Сепак, во целата несреќа има и нешто добро за Брселона.

Станува збор за една клаузула според која Барселона ќе треба да ѝ плати на Борусија 10 милиони евра доколку Дембеле сезонава одигра 50 натпревари.

Со оглед на тоа дека четири месеци ќе биде отсутен, невозможно е да одигра 50 натпревари за Барселона, па така Управата на клубот ќе заштеди 10 милиони евра.