Повредата е минато: Ристовски по 37 дена повторно на тренинг на Спортинг Лисабон (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски по точно 37 дена пауза се врати на тренинзите на Спортинг Лисабон, откако заработи повреда на бутниот мускул на ногата за време на мечот со Арсенал во Лисабон во рамките од групната фаза во Лига Европа.

Ристовски се повреди пред полувремето и со грч на лицето го нашушти теренот, по што прескокна седум меча на својот тим, а не беше дел од макеоднската репрезентација, која минатиот месец со две победи во Лихтенштајн (2-0) и со Гибралтар во Скопје (4-0) го завери првото место во групата во Лигата на нации и со тоа обезбеди домашен плејоф против Косово во евентуалното разигрување во март 2020, ако не успееме преку редовните квалификации да се пласираме на континенталниот собир.

Ристовски синоќа се појави на тренингот на Спортинг, комплетно подготвен и рехабилитиран за да се врати на стандардната десна бековска позиција во тимот. Спортинг утре го игра мечот со Рио Аве од 21.15 часот во најсилната португалска лига, па Ристовски ќе конкурира за место во тимот, иако поизгледно е дека ќе ја чека шансата од клупата за да се врати на теренот.