Повредата е минато: Барди утре повторно ќе биде стартер за Леванте

Барди поради проблем со мускулот го прескокна гостувањето во петокот во Севилја, затоа што во шпанскиот клуб не сакаа да ризикуват со посериозна повреда на фудбалерот за врска, па сега тренерот на Леванте, Хуан Рамон Лопез Муњис потврди дека со Барди ситуацијата е во ред и дека тој се враќа во тимот.

„Барди е добар и вчера имаше добар тренинг“, рече Муњиз.

Како што објавуваат Шпанците, Барди повтрно ќе биде стартер и се очекува да биде еден од главните адути на Леванте во битката за бодовите. Малиот тим од Валенсија е 15-то пласиран со 17 бодови, а последен пат се радуваше на победа на 19 ноември против Лас Палмас (2-0). Од друга страна, Леганес има три бода повеќе од Леванте и е 11-ти, со четири порази во петте последни мечеви.