Повреда која никој не сакаше да ја види во Баерн Минхен (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Екипата на Баерн Минхен ја заврши групната фаза во Лигата на шампионите со максимален ефект. „Баварците“ во последното коло го совладаа Тотнем со 3-1.

Но, мечот ќе остане во сенка поради тешката повреда на Кингсли Коман, кој мораше предвреме да го напушти теренот. Францускиот фудбалер се здоби со повреда на коленото и зглобот при еден прием на топката. Медицинските лица веднаш влетаа на терен и му дадоа прва помош, а потоа го однесоа во соблекувална. Кога виде што се случи со неговиот сонародник Корентин Толисо, кој беше на трибините, веднаш го напушти своето место и се упати кон соблекувалната.

Сепак, деталните извештаи потврдија дека се работи за пукнатина на чашката на коленото, а воедно го истегнал и мускулот на тетивата.

Клупскиот доктор потврди дека се работи за пукнатина на чашката на коленото. Покрај тоа, Коман го истегнал и мускулот на тетивата. Коленото му е имобилизирано и тоа е се што можеме да направиме во овој момент, стои во соопштението на Баерн.

Според сериозноста на повредата, оваа година за Коман е завршена кога е во прашање враќањето на терен.