Повеќе не може да чека: Лукаку им испрати јасна порака на челниците на Јунајтед!

Белгијскиот напаѓач Ромелу Лукаку во последните неколку недели е мета на шпекулации околу можното заминува од Манчестер јунајтед. Тој на „Олд трафорд“ пристигна пред две години како големо засилување, сепак многумина мислат дека не ги исплати средствата вложени за него.

Затоа „ѓаволите“ сакаат да го продадат и парите да ги вложат за нови засилувања. Лукаку се уште не знае што се случува па затоа побарал од клубот да донесе конечна одлука за неговата иднина.

„Не знам што одлучил клубот. Тие мораат да донесат одлука и да ја соопштат. Не размислувам за шпекулациите. Играм фудбал и само тоа ме интересира. Се надевам дека клубот што порано ќе донесе одклука“, изјави Лукаку.