Потврда на себичностa: Меси не се израдува на победничкиот гол на Икарди (ВИДЕО)

Француските медиуми денеска го ставија Лионел Меси на „столбот на срамот“, откако се појави видео снимка на која се гледа дека тој воопшто не се израдува на победничкиот гол на Икарди за триумф на ПСЖ над Лион (2-1).

Аргентинецот беше заменет кога резултатот беше изедначен, што не го прифати најдобро и поради што одби да му пружи рака на тренерот Покетино кога го напушташе теренот. На снимката се гледа како Меси студено седи на клупата, додека сите околу него еуфорично слават, па дури отпосле станува од клупата за резервни со бесчувствителен израз на лицето, како неговиот тим да примил гол во судиското продолжение, а не постигнал за освојување три бода.

Медиумите веќе почнуваат да го жалат тренерот Покетино, за кого предвидуваат дека наскоро би можел да стане жртва на големото его на Меси, кој уште на стартот од кариерата во Париз покажува дека не е тимски играч и дека не се снаоѓа најдобро во тим каде што има и други големи ѕвезди.