Потег за почит: Фудбалерите се откажаа од бонусите, Реал ќе заштеди 30 милиони евра!

Фудбалерите на Реал Мадрид направија потег за почит, кој би му помогнал на тимот да заштеди дури 30 милиони евра. Ѕвездите не ги прифатија бонусите кои им се загарантирани со освојувањето на титулата во Шпанија или Лигата на шампиони.

Бонусите кои требаше раководството да ги исполни изнесуваа 30 милиони евра, па ова ќе биде голема заштеда за „кралскиот клуб“ во време на пандемија која владее во светот.

Ова не им е првпат на фудбалерите на Реал да направат вакво нешто, откако минатата сезона му помогнаа на клубот да заштеди неверојатни 70 милиони евра.

„Кралевите“ сезонава имаат шанса да освојат два трофеи. Во Ла Лига се наоѓаат на второ место со 66 бодови, односно еден помалку од градскиот ривал Атлетико Мадрид, додека во ЛШ играат полуфинале против Челси.