После цела година истрага откриле како починал екс-англиски фудбалер: Пијан паднал по скали!

Поранешниот англиски фудбалер Питер Витингем почина на 19 март минатата година на 35-годишна возраст, по што беше отворена истрага за причината за неговата смрт.

Витингем на 7 март во пабот „Парк Хотел“ заработил тешка повреда на главата, по пад во пијана состојба, а потоа се наоѓал во несвест, а почина 11 дена подоцна.

Бившиот фудбалер бил во друштво на двајца пријатели, а потоа се сопнал по што паднал низ осум скалила и тешко ја удрил главата. Според изјавите, Витингем пиел пиво и текила пред да се случи трагедијата.

„Би кажал дека сите бевме пијани, а навистина не можам да се сетам како се случи тоа. Не можам да се сетам на моментот кога Питер паѓа, само знам дека лежеше на подот“, кажа братот на сопругата на Витингем.

Во текот на игра со пријателите Витингем загубил рамнотежа и паднал по скалите, а тешкиот удар во главата бил причината за негата смрт.

Екс-фудбалер одигра две големи финалиња со Кардиф, а за клубот имаше 450 настапи и притоа постигна 98 голови пред да ја заврши кариерата во Блекбурн во 2018 година.