Порто откри каква улога ќе има Касилјас во следната сезона

Икер Касилјас доживеа срцев удар пред два месеци, по што не беше јасно дали ќе ја продолжи кариерата, но денеска од Порто пристигнуваат нови информации.

Легендарниот голман доживеа инфаркт во мај, по што имаше шпекулации дека ќе се пензионира, но сепак тоа нема да се случи, па во следната сезона ќе одмори од фудбал, односно ќе биде приклучен на стручниот штаб додека не се рехабилитира целосно.

По што следната година ќе биде донесена конечна одлука дали голманот е подготвен да застане повторно меѓу стативите.