Поразот во Мадрид прескапо го чини Јувентус – акциите вртоглаво паднаа, загубата огромна!

Италијанскиот великан Јувентус синоќа загуби со 0-2 од Атлетико Мадрид и се најде во голем проблем пред реваншот во трката за четвртфинале во Лигата на шампионите, но освен проблемите со поразот и главоболките како да се надополни негативата, проблем за 90 минути „старата дама“ доживеа и на финансиски план.

По поразот на „Ванда Метрополитано“, акциите на клубот на миланската берза вртоглаво паднаа и тоа за 13 отсто, па практично за час и половина, Јувентус загуби неверојатни 160 милиони евра од својата вредност и сето тоа премногу ги загрижи акционерите на клубот.

Акциите на Јувентус во последно време постојано беа во пораст, а особено од летоска кога во клубот дојде Кристијано Роналдо, па тогаш сите тие триеа раце, но сега еден пораз направи сериозен проблем. Сепак, овој пад на берзата нема да направи проблем на финансиите во клубот, зашто Јувентус со многу спонзорски договори и тоа како добро работи и функционира, па планира уште летни засилувања за уште посилен тим.

Инаку Јувентус досега со настапите во ЛШ има веќе заработка од 84 милиони евра, според финансиските проценки.