Поранешна легенда на Челси откри зошто Мората е во лоша форма

Поранешниот играч и тренер на Челси, Руд Гулит, смета дека Еден Азар и Вилијан воопшто не му веруваат на Алваро Мората, па поради тоа не играат премногу со него и затоа Шпанецот не постигнува голови.

Гулит во минатото го водеше тимот од Лондон, а сега активно ги следи нивните натпревари и вели дека Мората не е виновен за неговата лоша форма, туку за тоа одговорност имаат и неговите соиграчи.

Мората во дербито против Манчестер јунајтед беше лош и Маурицио Сари го смени пред крајот на натпреварот. Шпанецот сезонава постигна два гола во осум натпревари во Премиерлигата и тоа е разочарувачки.

„Најлошото е тоа што Вилијан и Азар повеќе сакаат да дриблаат, отколку да му додадат на Мората. Дури и кога ќе има можност за гол, тие не му додаваат, а тоа се случува затоа што не му веруваат“, кажа Гулит.