Поранешна ѕвезда на Манчестер Ј. се пензионираше на 31 година

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Андерсон се повлече од фудбалот на само 31 година, обајви претседателот на неговиот последен клубо Адана Демирспор.

Бразилецот минатата сезона играше за овој турски тим, а претходно беше дел од Интернасионал и Коритиба во татковината. Неговата кариера отиде во надолна линија откако си замина од Манчестер јунајтед.

Андерсон своевремено важеше за еден од најдобрите млади играчи во светот, па затоа Сер Алекс Фергусон му плати на Порто 30 милиони евра за неговите услуги во 2007 година. За „ѓаволите“ одигра 181 натпревар во Премиерлигата и си замина во 2015 година. 

Претседателот на Адана, Мурат Санчак потврди дека Андерсон нема да се врати во тимот, бидејќи фудбалерот е пензиониран.