Поранешен тренер на Челзи го презема Олимпик Марсеј

Руди Гарсија си поднесе оставка од тренерската позиција во Олимпик Марсеј, па францускиот клуб сега е во потрага по нов предводник. 

Според шпекулациите во медиумите, најблизу да седне на клупата на „Велодром“ е Андре Вилаш-Боаш. Поругалецот е без работа повеќе од една година откако си замина од кинескиот тим Шангај СИПГ.

Наводно Вилаш-Боаш и раководството на Марсеј треба да имаат состанок во среда за да ги разгледаат деталите околу договорот. Тој бил исклучително расположен да се врати на работа и тоа во еден славен европски клуб.

Португалецот во својата кариера ги водеше Порто, Челзи, Тотенхен и Зенит.