Поранешен напаѓач на Барселона потпиша за Ал-Хилал

Шпанскиот напаѓач Џонатан Соријано потпиша за Ал-Хилал од Саудиска Арабија, откако последните две сезони ги помина во Кина, каде што настапуваше за Пекинг и во 31 меч постигна 25 голови.

Поранешниот напаѓач на Барселона сега реши да ја прифати богатата понуда на Ал-Хилал, кој денеска гордо го претстави како големо засилување.

Освојувачот на азиската Лига на шампиони уште за викенд ќе го претстави Соријано, кој би можел да им биде големо засилување во нападот.

Ал-Хилал во сабота во рамки на 13. Коло во Премиерлигата во Саудиска Арабија го пречекува Ал-Хазем.