Полскиот Лестер: Лани едвај се спасија да не испаднат, а сега станаа - шампиони!

Кога збориме за полскиот фудбал, првите клубови кои ќе ни падната на памет се Легија Варшава, Висла Краков и Лех Познан. Тие што се повеќе упатени знаат и за Краковија и Погон, но за Пиаст Гливице повеќето незнаат.

Токму тој мал полски клуб сензнационално ја освои првата титула во полското фудбалско првенство. Исто како Лестер и Пиаст минатат сезона одвај се спаси од испаѓање и тоа со победата во последното коло, за сега да остане до крајот.

Фудбалерите на Валдемар Формалик во плејофот влегоа како третопласирани со дури седум бода заостанок зад Лехиа и Легија. Се надеваа дека ќе влезат во Европа, но во седумте кола имаа учинок од шест победи и само едно реми. Останатите конкуренти имаа лоши резултати па Лехиа и Легија победија само на два натпревари и Пиаст на три кола до крајот дојде на лидерската позиција, која ја задржа до крајот.