Полноќна бомба од Мадрид: „Кралевите“ договорија трансфер на фудбалер на Баерн Минхен!

Реал Мадрид ги договорил сите детали околу договорот со фудбалерот на Баерн Минхен, Давид Алаба, објави на полноќ шпанскиот весник „Марка“, кој потврди дека се чека само официјалното претставување на фудбалерот, кој ќе потпише четири годишен договор со „кралевите“.

Алаба во Мадрид доаѓа како слободен фудбалер, односно без отштета, со оглед што соработката со Баварците му завршија во јуни годинава. Тоа значеше дека со почетокот на 2021 година тој веќе можеше да договара нов трансфер, што и го направи, а новиот договор со Реал со траење од четири години ќе стартува на 1 јули.

Австрискиот репрезентативец во таборот на Реал ќе има плата од 11 милиони евра по сезона, а за него беа заинтересирани уште Манчестер Сити, ПСЖ и Челси.