Полицијата почна истрага по смртните закани за Кариус

Германскиот голман Лорис Кариус доби смртни закани по мечот против Реал Мадрид во Лигата на шампиони (3-1).

Кариус направи две катастрофални грешки поради кои нивниот тим остана без титулата во Европа, а навивачите на „црвените“ беа лути поради неговата игра, па испратија застрашувачки пораки на социјалните мрежи.

Смртни закани стигнаа по неговиот живот, но и по животот на девојка му и останатото семејство, по што полицијата во Ливерпул мораше да почне истрага.

„Полицијата ги разгледува коментарите на социјалните мрежи и секој кој ќе биде идентификуван, ќе дојде на разговор“, соопштија од полицијата.

На Кариус му е премногу тешко, а со вакви коментари сигурно нема да го подобрат неговото расположение.