„Полесно е да се стигне до финале во ЛШ, отколку во Лига Купот“

Челси се бори за позиција во топ-4 во Англија, а нивниот тренер Маурицио Сари ги изненади сите со неговата најнова изјава за медиумите.

Новинарите пред вечерашниот меч на Челси против Барнли ги интересираше мислењето на Сари дали е полесно да се стигне до пласман во Лигата на шампиони (ЛШ) преку освојување на Лига Европа или со пласман во топ-4 во Премиерлигата, на што Италијанецот имаше интересен одговор и чудна споредба.

„Премиерлигата е многу тешка. За да стигнеме до финалето во Лига Купот игравме против Ливерпул и Тотнем, а во финалето игравме против Манчестер сити. Многу е полесно да се стигне до финалето во ЛШ“, вели Сари.