Пола Европа се „тепа“ за да дојде до - Корона!

Во моменти на пандемија на коронавирус, се почесто во светот на фудбалот се шпекулира за евентуални трансфери кои би се реализирање во текот на летото, евентуално на есен.

Еден од најбараните фудбалери во овие моменти е Мексиканецот Хесус Корона, кој од 2015 година е член на португалски Порто. Засега неколку екипи се заинтересирани за неговиот потпис, а меѓу нив се Интер, Рома, Евертон, Вест Хем, Шалке и Севилја.

Како што пишуваат повеќето шпански медиуми, тимот од Андалузија сериозно „загриза“ за трансфер на крилниот напаѓач кoј до сега има и 42 настапи за репрезентацијата на Мексико.