Пол Погба почнува со рехабилитацијата по повредата на скочниот зглоб, откако денеска го извади гипсот од ногата. 

Французинот беше пресреќен и реши со своите фанови да го сподели вадењето на гипсот преку „Инстаграм“. 

Погба сега почнува со рехабилитација околу 20 дена и би требало да биде подготвен да се врати на терените на почетокот од месец декември. Сезонава одигра само шест натпревари поради проблемите со повредите