Покетино со бизарна теорија зошто се повредил Лорис

Голманот на Тотнем, Уго Лорис, во моментов не е во можност да им помогне на своите соиграчи затоа што беше повреден, а тоа се случи на дуелот против Манчестер јунајтед.

Интересно е размислувањето на тренерот на лондонскиот гигант, Маурицио Покетино, кој има луда теорија за повредата на искусниот голман.

„Мислам дека беше под стрес на натпреварот против Манчестер јунајтед. Повредата се случи поради стрес поради сè што се случуваше“, кажа Покетино.

Лорис беше казнет претходно поради тоа што возеше пијан, па Покетино очигледно мислеше на тој детал како причина за повредата на голманот.

Инаку, се очекува францускиот голман да се врати на теренот за две недели.