Покетино не сакаше да одговори дали е кандидат за наследник на Мурињо

Жозе Мурињо доби отказ од Манчестер јунајтед денеска по серијата слаби резултати оваа сезона. Веднаш започнаа шпекулациите околу неговиот наследник на клупата на „Олд Трафорд“. 

Се споменуваат многу имиња, меѓу кои и менаџерот на Тотнем, Маурисио Покетино. Аргентинскиот стратег на денешната прес-конференција кратко зборуваше за отказот на Мурињо, но не сакаше да ги коментира шпекулациите кои го поврзуваат со Манчестер јунајтед.

„Како прво сакам да му посакам се најдобро на Жозе. Јас имам одличен однос со него и ова се тажни вести“, рече Покетино. „Не е моја работа што се случува во друг клуб. Јас само можам да му испратам најубави желби на Жозе“, додава Аргентинецот.

Од новинарите беше запрашан да ги искоментира шпекулациите кои го поврзуваат него со позицијата во Јунајтед, но Покетино не даде никаков одговор.

„Има многу шпекулации за мојата позиција во Тотнем - не можам да одговорам на таков тип на прашање. Фокусиран сум да бидам што е можно подобар тренер“, изјави Покетино.