Покетино ја поправа својата грешка: Тотнем се засилува од Манчестер!?

Тренерот на Тотнем, Маурицио Покетино летово не потроши ниту евро за трансфери, но во јануари тоа ќе се промени.

Прв на листата со желби е Ерик Баи, кој настапува за Манчестер јунајтед, откако пристигна на „Олд Трафорд“ од Вилјареал за 40 милиони евра.

Иако Баи не ја оправда платената сума за него, Покетино не се грижи за тоа и ги почитува неговите квалитети, па би сакал да го донесе во Лондон за 30 милиони фунти.

Очигледно многу работи ќе се менуваат во Јунајтед зимава, па дефанзивецот ќе биде еден од играчите кои ќе го напуштат „Олд Трафорд“.