Покетино добива засилување по година дена

Се поизлгедно е дека Тоби Алдервилд ќе го напушти Тотнем и ќе потпише за Манчестер Јунајтед, а управата на Спарси експресно пронајде замена во играчот на Сампдорија, Јоаким Андерсен.

Алдервилд веќе им соопштил на челниците на Тотнем дека сака да го напушти тимот, а Спарси денеска склучиле усен договор со Сампдорија, за потписот на Андерсен.

Тотнем за услугите на поранешниот фудбалер на Твенте, ќе плати 25 милиони евра, останува само да ги договорат личните услови со Андерсен, а тоа е чиста формалност.