Погба се сеиреше со Мурињо, ама експресно го избриша постот (ФОТО)

Погба објави една фотографија со која сакаше да го исмее Мурињо, кој често знае да направи ваква гримаса. Но, Погба многу брзо го избриша постот, откако навивачите и дел од легендите го распнаа со пораки дека сето ова е – непочитување кон клубот.

„Ова е очајно да се види. Треба да имаш малку повеќе почит кон клубот. Клуот е многу поголем од една смена на тренерот. Во најмала рака треба добро да играш“, му порачал еден навивач.

„Не ни требаш во соблекувалната. Вакви играчи не сакаме. Ти немаш карактер за Манчестер јунајтед“, додал друг навивач.

„Фергусон беше во право“, напишал трет, споменувајќи го моментот дека легендарниот менаџер го „избрка“ Погба од „Олд Трафорд“.

За твитот на Погба не беше најсреќен ниту Гери Невил, еден од најголемите критичари на Мурињо.