Погба ќе замине од Јунајтед во јануари, но само под еден услов!?

Францускиот фудбалер Пол Погба веќе неколку недели го гледа Манчестер јунајтед од клупата за резервни фудбалери, па постојано се шпекулира дека во јануари ќе замине од „Олд Трафорд“.

Како што е познато, Погба не е во добри односи со тренерот Жозе Мурињо уште од летоска, но остана во клубот затоа што беше стандарден член на првиот тим. Но, во претходниот период тоа се промени и повторно Французинот покажа желба да замине од клубот.

Тешко може да се очекува дека „црвените ѓаволи“ ќе го продадат, но би можеле да го испратат на позајмица до крајот на сезоната без клаузула за откуп, па во лето најверојатно ќе го вратат, зашто Мурињо тогаш би требало да го напушти „Олд Трафорд“.

Наводно, Погба е блиску до враќање во Јувентус, но клубот од Торино сака опција во договорот за да може да го откупи, но дефинитивно Јунајтед нема да се согласи на такво нешто, па останува да видиме што ќе се случи во јануари.