Погба има само еден услов да остане во Манчестер јунајтед

Пол Погба по завршувањето на оваа сезона ќе биде слободен фудбалер, бидејќи му истекува договорот со Манчестер јунајтед. 

Околу неговата иднина се вртат многу шпекулации и наводно ПСЖ, Јувентус и Реал Мадрид веќе контактираат со неговиот агент Мино Рајола за да му понудат нов договор. Според англиските медиуми, Французинот би сакал да остане на „Олд Трафорд“ и да потпише нов договор, но условот е Оле Гунар Солшер да не биде менаџер.

Желбата на Погба може и ќе му се оствари со оглед на фактот дека Јунајтед сезонава има очајни резултати во Премиерлигата. Очигледно на фудбалерот од средниот ред никако да му се погоди тренерот, бидејќи и претходно имаше сериозни несогласувања со Жозе Мурињо.