Погба има клаузула со која може да се врати во Јувентус со попуст

Пол Погба е во кавга со Жозе Мурињо во Манчестер јунајтед, што повлече лавина шпекулации околу судбината на фудбалерот.

Французинот дефинитивно игра под своето ниво, но тој за тоа го обвинува менаџерот. Мурињо го игра надвор од позиција, па затоа Погба се мачи со формата на теренот. 

Англиските медиуми пишуваа дека неговиот менаџер Мино Рајола веќе е во преговори со ПСЖ и со Реал Мадрид како можни идни дестинации на Французинот.

Најсензационална е веста која ја објави француски „Лекип“, која вели дека Погба во доворот со Јунајтед има откупна клаузула од 60 милиони евра, но која може да ја искористи само Јувентус. Италијанскиот шампион го продаде фудбалерот пред две години, а во трансферот ја вметнал оваа клаузула.

Сепак, торинскиот клуб не е премногу заинтересиран да плати 60 милиони евра, не дека ги нема парите, туку најголем проблем е високата плата на фудбалерот. Таа изнесува околу 13 милиони евра, додека во Јувентус најплатени играчи се Пауло Дибала и Гонзало Игуаин со по 7,5 милиони евра годишно.

Враќањето на Погба во тимот серизно ќе го наруши платниот список во тимот, па затоа оваа опција е нереална.