Почна да му „дише во врат“ на Лајпциг: Баерн со „петарда“ го испрати Шалке (ВИДЕО)

Екипата на Баерн од Минхен забележа убедлива победа на домашен терен против Шалке со 5-20, во рамки на 19. коло во Бунделигата.

Баварците, како и на сите натпревари кога е во прашање Бунделигата, ја имаа фаворитската улога, но се очекуваше нешто поголем отпор од екипата на Шалке, кој прими „петарда“ од актуелниот шампион.

Домаќините ја „зачнаа“ мрежата на противникот уште во шестата минута со голот на Левандовски за кого ова е 21 погодок во Бундес сезонава. Потоа во листата на стрелците се запишаа и Милер, Горецка, Алкантара и Гнабри за убедлив триумф на денешниот меч со кој се доближи на само еден бод до Лајпциг.