Почина поранешен освојувач на ЛШ со Реал Мадрид (ФОТО)

Шпанскиот гигант Реал Мадрид ја соопшти тажната вест за смртта на Хавиер Дорадо, кој го загуби животот на 48-годишна возраст.

Дорадо заедно со „кралевите“ успеа да освои титула во Лигата на шампиони (ЛШ), а по пензионирањето во 2012 година се бореше со тешка болест.

Поранешниот фудбалер, за жал, ја загубил битката со леукемијата на 48-годишна возраст, а Реал Мадрид изрази сочувство до неговото семејство и сите негови блиски пријатели.

Шпанецот во кариерата играше и за Спортинг Хихон, Рајо Валјекано, Мајорка и Атлетико Балеарес.