По ПСЖ и Сити, сега и Реал Мадрид се интересира за фудбалер на Милан

Се вжештува битката за Исмаел Бенасер од Милан, откако италијанските медиуми открија дека сега и Реал Мадрид го сака младиот Алжирец.

Фудбалерот од средниот ред ја игра првата сезона во дресот на „росонерите“ и импресионираше за многу кратко време. Клубот сака да го задржи, но проблем е неговата откупна клаузула од 50 милиони евра. По ПСЖ и Манчестер сити, сега и Реал Мадрид има намера да ја плати сумата за да го доведе во своите редови.

Бенасер минатото лето пристигна на „Сан Сиро“ од Емполи за само 16 милиони евра. Во меѓувреме со својот Алжир го освои Купот на африкански нации, а Бенасер беше прогласен за најдобар играч на турнирот.