По 25 години Каталонците се повторно во Сегунда: Им се извинувам на навивачите, одговорноста е моја!

Синоќа беше една од најболните ноќи во историјата на Еспањол, како за навивачите, така и за играчите.

Клубот од Барселона, по очајната сезона и математички се пресели во втората лига, по 26 години минати во шпанската елита.

Еспањол официјално испадна по поразот од градскиот ривал, Барселона, која синоќа славеше на својот „Ноу Камп“ со минимални 1-0.

Иако го променија тренерот, тоа не вроди со ефект, заминувањата на важни играчи, промашување во последните два трансфер прозорец - сето тоа доведе до испаѓање во Сегунда, а денес претседателот на клубот Чан Јеншенг им се извини на навивачите.

Драги навивачи на Еспањол, јас ја имам најголемата одговорност за лошите спортски резултати оваа сезона. Затоа, длабоко им се извинувам на навивачите кои се грижат за овој клуб. Затоа мора да бидеме длабоко самокритични и да гледаме на тоа што сме направиле... Од друга страна, ќе продолжиме напорно да работиме за промовирање и развој на клубот. Преку напорна работа и посветеност, тимот ќе се врати во првата лига, каде што несомнено припаѓа, гласи дел од пораката на претседателот на Еспањол.

Инаку, Еспањол до синоќа беше еден од петте шпански клубови кои не го напуштија првиот ранг во овој век, заедно со Реал Мадрид, Барселона, Атлетик Билбао и Валенсија.