Пјонтек ги надмина Нордал, Шевченко, Ривера, Ван Бастен за само - 310 минути!

Полската гол-машина Криштоф Пјонтек откако имаше страшна есен во Џенова, уште на почеток во седумкратниот европски првак Милан покажа дека е вистинско решение за нападот и со два гола вчера им донесе голем триумф со 3-1 на „росонерите“ на гости кај незгодната Аталанта.

Пјонтек со новото шоу веќе се запиша во историјата на вториот најтрофеен клуб на Апенините, а севкупно досега одигра само 310 минути. За овој период тој веќе постигна шест гола, па ниту еден друг во славната историја на миланезите не успеал да има ваква статистика. Пјонтек има шест гола од 18 обиди, што значи дека секој трет негов удар завршувал во голот на противникот.

Инаку на неговиот потфат може да му подзавидат најголемите легенди на клубот од Гунар Нордал, најдобриот стрелец во историјата, кој досега беше рекордер по број на погодоци во деби сезона, потоа андриј Шевченко, Џани Ривера, Хосе Алтафини, Марко Ван Бастен...

Досегашниот рекорд за воведни шест гола го држеше Нордал, на кого му требаа 419 минути, додека трет сега е Марио Балотели со 433 минути за шест погодоци.

Полјакот досега во сезоната има 17 гола, а само Кристијано Роналдо со 19 е подобар стрелец во италијанското Калчо.