Пјонтек е машина: Милан со пресврт ја совлада Аталанта (ВИДЕО)

Милан успеа да слави на незгодното гостување кај Аталанта со 3-1 и така ја продолжи битката за четвртото место во италијанската Серија А.

Домаќините стигнаа до водство преку Ремо Фројлер, а потоа Криштоф Пјатек израмни на 1-1 за Милан.

Во второто полувреме следуваше целосен пресврт, откако најпрво стрелаше Хакан Чаланоглу во 55. минута, а потоа Пјатек ги постави конечните 3-1.

Милан во моментов е четврти со 42 бодови, односно еден помалку од третопласираниот Интер.