Пјаниќ заминал на преговори во Шпанија!? (ФОТО)

Фудбалерот на Јувентус, Миралем Пјаниќ, е забележан во Барселона и веднаш почнаа шпекулациите дека заминал на преговори со Каталонците.

Италијанските медиуми објавија фотографија на „малиот принц“ од аеродромот во Барселона и веднаш почнаа шпекулациите дека Босанецот ќе се пресели во екипата.

Фотографијата е направена при посетата на Пјаниќ на Ибица со своето семејство, но „Спорт“ пишува дека тој во градот е најмалку 24 часа и дека го искористил времето за да има состанок со управата на Барселона.

Пјаниќ е еден од најпосакуваните играчи летово, а за него интерес покажуваат ПСЖ, Челси, Реал Мадрид и Барселона.