Пјаниќ го комплетираше трансферот во ЦСКА Москва

Босанскиот фудбалер, Миралем Пјаниќ кариерата ќе ја продолжи во руското првенство, тој стави потпис на договор со ЦСКА Москва.

Уште од пред некој ден почна комплетирањето на трансферот на Пјаниќ во ЦСКА Москва кој не наиде на воодушевување на навивачите на рускиот тим.

Тие негодуваат поради некои ставови на Пјаниќ со кои даде поддршка на Украина во ситуацијата со Русија, но трансферот сепак се реализираше.

Пјаниќ потпиша едногодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона.