Пикфорд со брутален старт го повреди Ван Дајк и се спаси од црвен картон (ВИДЕО)

Голманот на Евертон, Џордан Пикфорд треба да е среќен што остана во натпреварот на Мерсисајд дербито против Ливерпул, откако имаше неверојатно брутален старт врз Вирџил ван Дајк.

Англичанецот стартуваше со две нозе врз противничкиот фудбалер, кој заработи повреда и го напушти дуелот во 11-тата минута. Голманот на домашниот тим избегна црвен картон само поради фактот што Ван Дајк беше во офсајд во моментот кога топката беше упатена кон него. Доколку Холанѓанецот беше во дозволена позиција, тоа ќе беше црвен картон за Пикфорд и пенал за Ливерпул. Сето ова се случуваше при резултат 0-1.