Пет премиерлигаши се „тепаат“ за талент на Баер Леверкузен

Каи Хаверц од Баер Леверкузен е еден од најголемите таленти во Германија во последните неколку години и очекувано интерес за него има од многу европски гиганти. 

Засега пет тимови од Премиерлигата го имаат на листата на желби и сите се од врвот на табелата. Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Ливерпул, Арсенал и Челси се клубовите кои се заинтересирани за фудбалерот од средниот ред.

Иако има само 20 години веќе има одиграно преку 100 натпревар за „фармацефтите“ изминатите неколку сезони, а дебитираше во првиот тим со само 17 години. Тој веќе дебитираше и за сениорската репрезентација на Германија.

Баер Леверкузен го проценува на 100 милиони евра.