Перишиќ го засилува Арсенал?

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ се наоѓа на мета на Арсенал. Крилниот фудбалер долго време беше на мета на Манчестер јунајтед, но „црвените ѓаволи“ се откажаа од фудбалерот на Интер.

Перишиќ бил голема желба на тренерот на „топчиите“, Унаи Емери. Хрватот пред некое време одби богата понуда од Кина, па затоа шансите на Арсенал за да стигне до овој фудбалер драстично се зголемија. Во прилог на клубот од „Емиратите“ иде и фактот што новиот тренер на „нероаѕурите“, Антонио Конте не смета на Перишиќ.