Перез има генијален план: Реал руши светски рекорд, а потоа враќа поранешен тренер!?

Шпанските медиуми пишуваат дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, има договор со Нејмар, кој би требало да се реализира наредното лето.

Наводно, „кралевите“ за неговиот потпис се подготвени да платат неверојатни 300 милиони евра и на тој начин би ангажирале замена за Кристијано Роналдо, кој летово се пресели во Италија, односно Јувентус.

Сепак, тоа не е сè. Перез на тренерската клупа сака да го врати нивниот поранешен стратег Зинедин Зидан, кој пред неколку месеци даде отказ.

„Ел Кофиденсијал“ пишува дека Хулен Лопетеги бил само привремено решение, а тоа дефинитивно нема да му се допадне на Шпанецот, кој ја напушти репрезентацијата за да го преземе Реал.

Рано е сè уште за било каков напредок на целата ситуација, но наводно ова бил планот на Перез за наредното лето и ептен бил загреан за да го реализира.