Пеп нема намера да престане да троши: Купува ѕвезда на Атлетико за 130 милиони фунти

Шпанскиот кормилар на англискиот шампион Манчестер сити, Пеп Гвардиола нема намера да престане со трошење на пари, па веќе за летниот преоден рок ја постави главната трансферна цел и тоа – Саул Нигез од Атлетико Мадрид.

Саул е шпански репрезентативец, чиј потенцијал од поодамна е посочен како огромен, па Гвардиола не сака да пропушти шанса за да го ангажира. Фудбалерот за врска според англиските меидуми треба да биде наследникот на Фернандињо, па на „Итихад“ веќе донеле одлука да се издвојат 130 милиони фунти за да се активира откупната клаузула.

Саул на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид има уште две години од договорот, но наводно без оглед што Шпанецот е пред крајот на деветгодишниот претстој меѓу „црвено-белите“, Гвардиола не сака да ривикува тој да потпише нов договор и со тоа да ја зголеми клаузулата.

Манчестер сити пред осум години за 35 милиони фунти го купи Серхио Агуеро од Атлетико и не згреши со неговиот ангажман, сооглед дека тој е најдобриот стрелец во историјата на клубот. За ангажманот на Саул, Сити планира да се ослободи од своето најскапо засилување Ријад Марез, за кого му платија преку 60 милиони фунти на Лестер, како и на уште неколу фудбалери со што не би имале проблем со финансискиот фер-плеј на УЕФА.