Пеп го изнасмеа цел свет: Меси ќе ја добие „златната топка“, па ВАР ќе ја додели на Ван Дијк

Менаџерот на англискиот шампион Манчестер сити, Пеп Гвардиола не е баш миленик на воведената ВАР-технологија, па на секој начин се обидува јавно и со ироничен тон да ги прокоментира одлуките, кои треба(ше) да ги исфрлат судиските грешки.

ВАР повеќепати покажа многу маани и слабости, а бесот на Гвардиола кон видео-технологијата почна после „арбитражата“ на дербито за титула со Ливерпул, а продолжи и во ЛШ против Шахтер. И кога новинарите решија да го прашаат Пеп за милење околу тоа дека веќе извесно е дека Лионел Меси ќе ја добие „златната топка“, шпанскиот тренер урнебесно одговори.

„Сигурен сум дека Лео ќе ја добие 'златната топка', ама после таму некој ќе провери (ВАР – н.з.) и ќе му ја даде на Ван Дијк“, рече Гвардиола.

Очигледна е иронијата на Пеп, кого уште го боли поразот од Ливерпул.