„Пенал-шоу“ во Борнмут, Њукасл го совлада Хадерсфилд (ВИДЕО)

Борнмут и Вулверхемтон одиграа реми 1-1, а на овој дуел имаше вкупно три пенали, од кој два беа реализирани. Њукасл и Рафаел Бенитез остварија значајна победа од 2-0 против Хадерсфилд.  

Натпреварот кој беше одбележан поради пеналите, резултатски прв го отвори домаќинот. Џошуа Кинг со удар од белата точка донесе водство за Борнмут. Во вториот дел, Вулверхемтон не успеваше од игра да го израмни резултатот, па затоа успеа од пенал. Раул Хименез ладнокрвно го претвори во гол казнетиот удар. Џошуа Кинг во самата завршница намесот да биде херој, се претвори во трагичар, откако вториот пенал на натпреварот - го промаши.

Со ова реми Борнмут е десети со 34 бода, додека „Волците“ осми со 40 бода на своето конто. Избраниците на Нуно Еспирито Санто во наредното коло гостуваат кај Хадерсфилд, додека Борнмут ќе игра на „Емирати“ против Арсенал.

Њукасл во второто полувреме го „сруши“ отпорот на Хадерсфилд. Најпрвин Хозе Рондон го постигна водечкиот погодок, а шест минути подоцна Ајозе Перез донесе голема радост на „Сент Џејмс Парк“.


Со оваа победа Њукасл останува шенаести со 28 бода, додека Хадерсфилд е закован на дното со 11 бодови.