Пеколно прво полувреме на „Енфилд“: Арсенал поведе, шампионот врати двојно (ВИДЕО)

Фантастично прво полувреме одиграа фудбалерите на Ливерпул и на Арсенал, во кое беа видени три гола, но и брзо темпо и многу интересни ситуации пред двата гола, што и тоа како го оправдува епитетот дерби на колото во Премиерлигата.

Гостите, неочекувано, прво го отворија резултатот и тоа преку Александре Лаказет во 25. минута од средбата, но радоста на „топчиите“ траеше само три минути, по што Сдио Мане изедначи на 1-1.

Целосниот пресврт на шампионот беше дело на Ендру Робертсон во 34. минута, по одличната асистенција на Трент-Александер Арнолд.