Педри е најдобар млад фудбалер во изборот на „Франс Фудбал“

Младата шпанска ѕвезда и фудбалер на Барселона, Педри е избран за најдобар млад фудбалер на светот за 2021 година на годинешната гала-церемонија во изборот на најугледниот фудбалски магазин „Франс Фудбал“, кој ја доделува денеска најпрестижната награда „златната топка“.

Педри ја доби наградата „Копа“ од францускиот магазин, а изминатава година блескаше и беше фудбалер кој буквално секој трет ден играше фудбал од настапите за Барселона на сите фронтови, преку младата репрезентација на Шпанија, па се до настапот на Еуро 2020 и на Летните Олимписки игри во Токио.

Педри е една од најголемите млади ѕвезди на Барселона, кој има откупна клаузула од една милијарда евра.